Борусија Дортмунд го загуби натпреварот со Монако кој требаше да се игра во вторникот. Се чини дека на играчите на германскиот тим не им беше до фудбал по вчерашниот напад на нивниот автобус во кој најдебелиот крај го извлече Марк Бартра.
„Тешко е да се зборува за тоа, тешко е да се најдат вистинските зборови“ – вели Нури Сахин.
„Многу пати сме гледале на телевизија и тоа било далеку, далеку од нас, дури и кога беше во Истанбул, во мојата земја, за нова година. Беше блиску, но многу далеку од нас. Минатата ноќ ние почувствуваме како е да се биде во таква ситуација и не му посакувам на никој да го почувствува тоа“.
„Кога бев на теренот во второто полувреме, да бидам искрен, не мислев на фудбал. Минатата ноќ не сфатив што се случи се додека не отидов дома и не ја видов мојата сопруга и мојот син кои ме чекаа пред вратата, тогаш сфатив колку сум среќен“.
„Знам дека фудбалот е значаен, го сакаме фудбалот, страдаме со фудбалот. Знам дека заработуваме многу пари и имаме привилигиран живот, но ние сме човечки суштества. Во светот има многу поважни работи од фудбалот, минатата ноќ го почувствуваме тоа“.
„Се наежив. Кога бевме во автобусот минатата ноќ, не можам да ги заборавам лицата на соиграчите. Никогаш нема да ги заборавам. Го видов Марк, седев до Шмелер и никогаш нема да го заборавам лицето на Шмелер. Беше неверојатно“.