Нојер имаше десет одбрани! Што ќе беше ако барем пола од тоа влезеше? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Роналдо даде два гола, но играч на мечот дефинитивно беше Мануел Нојер кој имаше неколку чудесни интервенции со кои го спаси Баерн Минхен од вистински кошмар.

Статистиката вели дека вечерва Нојер имаше вкупно десет одбрани. А шест од нив беа при големи шанси на Реал Мадрид.

Уште на почетокот од мечот се испружи колку што е долг, му одбрани една топка на Бензема која заврши и во пречката. Во почетокот од вториот дел имаше голема одбрани и при шут на Бејл.

ОД 66. до 75. имаше дури четири фантастични одбрани, а најимпресивна беше таа при силниот удар на Кристијано Роналдо кога само ја испружи раката и во хокеарски стил го скроти ударот.

Не можеме да кажеме дека Реал Мадрид уште денес е во полуфиналето само благодарение на одбраните на Нојер кој му дава каква таква надеж на Баерн Минхен дека сепак може да помине понатаму.

Дел од обраните на Нојер:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани