Каде што има англиски навивачи најчесто таму има и немири, така е и денеска во Мадрид. Во главна улога се фановите на Лестер.
Во текот на денешниот ден тие правеле нередни низ градот и скандирале: „Гибралтар е наш“. Влегле во физички пресметки со полицијата и дел од нив заработиле повреди.
Полицајците користеле пендраци, а информациите велат дека осум навивачи на Лестер се и уапсени поради создавање нереди.
Новинарот на БиБиСи, Фил Мајки вели дека полицијата била премногу груба, дел од фановите заслужиле ќотек, но удари од пендраци добиле и деца и стари луѓе од по 70 години.
„Имаше неколку луѓе кои не ја сакаа полицијата и создаваа нереди, но тие удираа по сите. Имаше деца, со пендраците удираа и по еден стар човек од 70 години и по малолетни деца“ – вели новинарот на БиБиСи.