Буфон ја објасни сензационалната одбрана по обидот на Иниеста (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Легендата на
Италија беше еден од јунаците во вчерашната голема победа на Јувентус од 3-0
над Барселона.

При резултат 1-0,
Андрес Иниеста се најде осамен пред голот на „Старата Дама“, но Џиџи Буфон со сензационална одбрана ја сочува сопствената мрежа.

60 секунди
подоцна, Пауло Дибала погоди за 2-0 и огромна радост на стадионот.

Тоа беше тешка
одбрана, се работеше за инстинкт и прав тајминг
– вели Џиџи Буфон.

„Тоа е дуел
помеѓу вас и противникот, еден вид на танц во кој се обидувате да разберете кој
е правиот момент да направите движење, или во мојот случај да ја поставам
левата рака
.

„Не можете да
реагирате пребрзо, во тој случај ќе му дадете сигнал на противникот и предност
.

„Парадата исто
така беше во клучен момент од средбата, период во кој водевме 1-0
.

„Ако сакам да ја
задржам репутацијата која ја имам, морам да правам ваква интевенции, ова за
мене треба да е нормата
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани