Проблеми за Баерн, Левандовски го пропушта дуелот со Реал Мадрид

by
1 минути читање

Полјакот влече
повреда од средбата со Борусија Дортмунд изминатиов викенд, и Карло Анчелоти на
вчерашната прес конференција соопшти дека напаѓачот ќе настапи само доколку не
чуствува болки.

На неколку часа пред почетокот на натпреварот, медиумите од
Германија пренесоа дека Роберт Левандовски сепак не успеал да ја санира повредата
и отпаѓа од комбинација за пресметката на Алианц Арена.

Се очекува
неговото место во форот на „Баварците“ да го превземе Томас Милер.

Роберт
Левандовски би требало да настапи на реваншот кој се игра следната недела во
Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани