50
Јувентус изгледаше моќно против Барселона, го надигра големиот противник и го победи со убедливи 3-0.
„Прикажавме одлични перформанси, игравме добро технички и во нападот и во одбраната. Го направивме првиот чекор кон полуфиналето, реваншот ќе биде друга приказна“ – вели Алегри по мечот.
„Не можам да ги кажам нашите шанси во проценти. Во Барселона ќе играме со цел да постигнеме голови“.
„Јас сум сонувач, но исто и прагматичен и реалист. Напредуваме и среќен сум за момците, во изминатите години правиме големи чекори напред“.
„Јувентус има почит за Европа и пред се сега Европа има почит за Јувентус. Тоа е мојот најголем резултат за моите три години тука“.