Автобусот кој ги
пренесуваше играчите на Борусија Дортмунд до Сигнал Идуна Парк за дуелот со
Монако во Лигата на Шампионите беше мета на три експлозии.
Во инцидентот
повреден е Марк Бартра, кој има исекотини на рацете од скршеното стакло.
Голманот Роман
Бурки во разговор со медиумите од Швајцарија сега открива повеќе детали.
„Го напуштивме
хотелот околу 7 и 15” –
вели Бурки. „Кога се приклучивме на главната улица се слушна експлозија”.
„Седев во задниот
дел, покрај Марк Барта кој беше погоден од парчиња од стаклото”.
„По експлозијата,
сите клекнавме, оние кои можеа легнаа на подот. Не знаевме дали ќе се случи
нешто повеќе”.
„Полицијата за
кратко време пристигна и го обезбеди местото”.
„Сите бевме
шокирани, никој во тој момент не мислеше на фудбал”.