Експлозија во близина на автобусот на Борусија Дортмунд, Бартра е повреден

by
0 минути читање

Непријатни вести од Германија, експлозија пред автобусот на Борусија Дортмунд пред да пристигне на стадионот.

„Имаше инцидент пред пристигнувањето на нашиот автобус. Една личност е повредена. Фудбалерите се безбедни. Нема опасност на стадионот. Ќе следат дополнителни информации“ – стои во соопштението на Дортмунд.

Германските медиуми пишуваат дека повреденото лице е дефанзивецот Марк Бартра кој веднаш е префрлен во болница.

Се стравува дека се работи за таргетиран напад и натпреварот може да биде одложен

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани