Левандовски неизвесен, Нојер ќе настапи против Реал Мадрид

by
1 минути читање

Левандовски во 72. минута го напушти натпреварот против Борусија Дортмунд поради повреда на рамото и нејасно е дали ќе може да настапи против Реал Мадрид.

„Роберт Левандовски тренираше денес, само 20 минути бидејќи имаше проблем на претходниот натпревар“ – вели Анчелоти.

„Утре ќе знаеме дефинитивно дали ќе може да игра. Доколку нема болка ќе игра, доколку има болка нема да игра“.

„Ќе видиме дали ќе игра, но тоа не ја менува нашата идеја, нашата стратегија и самодоверба за тој меч“.

Анчелоти потврди дека Мануел Нојер се враќа, тој пропушти неколку натпревари на Баерн поради повреда на стапалото. Поради повреда сигурно ќе отсуствува Матс Хумелс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани