19 годишниот
Англичанец минатата сезона блесна на фудбалската сцена откако доби шанса од Луј
ван Гал да покаже што знае и умее.
Тој со добрите
игри во дресот на Манчестер јунајтед си обезбеди и повик за сениорскиот тим на
Англија.
Маркус Рашфорд го
живее сонот, напаѓачот сега ги освои социјалните мрежи откако на Твитер го објави писмото
кое си го испратил сам на себе кога имал 11 години
„Се надевам дека
мојата иднина е светлна, во училиште и надвор од него, особено мојата кариера
како фудбалер. Сакам да го направам моето семејство гордо. Имам само една цел во
животот и тоа е да бидам професионален фудбалер, по можност во Манчестер
јунајтед” – гласи порака,
покрај која беше постирана и слика од малиот Маркус Рашфорд во дрес на
„Црвените Ѓаволи“.
11 year old with a dream… pic.twitter.com/9gPjmViyph
— Marcus Rashford (@MarcusRashford) April 10, 2017