Фановите на Арсенал одбија да му ја вратат топката на Бељерин па му порачаа: „Не заслужуваш да го носиш дресот“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал мораше да
победи на гостувањето кај Кристал Палас за да остане во трката за топ четири пласман, но „Топчиите“
наместо со три бода, дома се вратија со три гола во мрежата и тежок пораз.

Па фановите кои
вчера ги бодреа своите миленици не беа задоволни од она што го видоа на
теренот.

Во завршните
мигови тие го изразија својот гнев кога топката беше исфрлена во нивниот дел од
трибината.

Гостинските
фанови одбија да му ја дадат топката на Ектор Бељерин, а откако на теренот беше
донесена нова топка, тие почнаа да скандираат: „Не заслужуваш да го носиш
дресот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани