73
Аргентинецот не е
задоволен од изданието на некои негови соиграчи па се шпекулира дека составил
листа со имиња кои летоска треба да го напуштат Камп Ноу.
Прв на листата е
Андре Гомеш, кој пристигна на Камп Ноу пред помалку од една година.
Португалецот
дојде како големо засилување од Валенсија но не ги оправдува очекувањата.
Втор на листата е
дефанзивецот Жереми Матју, кој и онака не е стандарден.
Лео Меси верува
дека со овие Гомеш и Матју во тимот, Барселона на теренот има двајца играчи помалку.
Првата ѕвезда на
„Каталонците“ исто така верува дека тимот треба да го напушти и Денис Суарез.