Наместо со три бода Арсенал дома се врати со три гола (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По победите на
Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед во саботата односно неделата,
Арсенал вечерва мораше да триумфира на гостувањето кај Кристал Палас за да
остане во трка за местата кои водат во Лигата на Шампионите.

Но наместо да се
вратат дома со три бода, „Топчиите“ примија три гола и доживеаја тежок пораз.

Таунсенд го
отвори резултатот во 17. минута, а Кабај со прекрасен гол зголеми на 2-0 во 63.
минута.

Миливојевиќ од
пенал во 68. минута го постави конечниот резултат.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани