Алегри ги отвори картите, откри со кои фудбалери ќе ја нападне Барса

by
1 минути читање

Јувентус утре ја пречекува Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Италијанскиот шампион ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да создаде предност пред реваншот на Камп Ноу.

Масимо Алегри соопшти кои ќе бидат фудбалерите од офанзивата за утрешниот меч.

„Четворката напред ќе биде Квардадо, Дибала, Манџукиќ и Игуаин. Кога го играте првиот натпревар дома, секогаш е убаво да не примите гол. Утре нема да биде лесно, па ќе се обидеме да постигнеме повеќе голови од нив. Не можете да играте со Барселона и да се надевате дека два пати дуелите ќе завршат 0-0 па ќе шутирате пенали“ – вели Алегри.

„За да се пласираме во полуфиналето треба да одиграме добро и на двата натпревари и плус да имаме малку среќа. Барселона загуби изминатиот викенд, но никогаш не прават грешки на вакви натпревари. Како и да е и тие имаат падови во текот на мечевите, па ќе биде добро да ги искористиме таквите моменти и да дадеме гол кога ќе имаме шанса за тоа“.

„Дибала? Со крупни чекори напредува. Меси многу години е најдобар во светот. Дибала е млад и брзо созрева. Заедно со Нејмар можат да бидат едни од најдобрите во иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани