Скаути на Манчестер јунајтед со месеци следат тројца фудбалери на Бенфика

by
1 минути читање

А Бола пишува
дека Манчестер јунајтед добро внимава на тројца играчи од редовите на Бенфика.

Скаути на „Црвените Ѓаволи“ од јануари па наваму се присутни на речиси секој
натпревар на лисабонските „орли“.

Весникот
пренесува дека клубот од Олд Трафорд го следи централниот дефанзивец Виктор
Линделоф, десниот бек Нелсон Семедо и голманот Едерсон.

Виктор Линделоф
подолго време е на листата со желби на Жозе Мурињо и Швеѓанецот силно се
поврзуваше со трансфер во  Манчестер
јунајтед во зимскиот преоден рок.

Нелсон Семедо со
одличните партии оваа сезона го привлече вниманието на голем број клубови,
помеѓу кои и Барселона.

Едерсон исто така
имаше неколку импресивни изданија оваа сезона, па дури и се најавува дека е на
чекор до мега трансфер во Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани