65
23 годишниот Англичанец
во последно време често е дел од трансфер шпекулациите на медиумите од
„Островото“.
Рос Баркли е под
договор со Евертон до 2018, преговорите тапкаат во место, па се говори дека
фудбалерот од средниот ред ќе биде продаден летоска.
Ѕвездата на „Карамелите“ сега одново се најде во центарот на вниманието но поради работи кои не се
поврзани со фудбалот.
На социјалните
мрежи се појави видео од безбедносни камери на кое се гледа како Рос Бркли е
нокаутиран во еден бар.
Се шпекулира дека
инцидентот се случил рано утрово во коктел бар во центарот на Ливерпул, неполни
12 часа по триумфот на Евертон од 4-2 над шампионот Лестер.