202
Еден од поинтересните моменти на фудбалските терени изминатиот викенд се случи на дерби натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, дуел кој Баварците го добија со 4-1.
Во финишот од мечот, Анчелоти го извади Френк Рибери кој не беше задоволен од фактот дека треба да излезе од теренот.
Рибери лут, почна да му зборува на Анчелоти кој само го гушна и го бакна Французинот, со што го смири и изнуди насмевка на неговото лице.