Бонучи: Размислував да се повлечам од фудбалот

by
1 минути читање

Синот на Бонучи преживеа сериозна болест, а во критичниот период играчот на Јувентус не размислувал за фудбал.

„Три или четири месеци, главата не ми беше на место. Околу 15 дена по операцијата, се додека не видов дека напредува, не бев заинтересиран за тренинг или било што друго поврзано со фудбалот“ – вели Бонучи.

„Отсекогаш сум ги мразел болниците, сум се трудел да ги избегнувам, но тој период морав да бидам таму, тешко ми беше да се смирам. Матео сега е многу подобар и нашата фамилија е пообединета од било кога“.

„Ова утро тој спиеше во нашиот кревет и се разбуди со насмевка. Сфаќате дека тоа се најголемите победи“.

„Да, размислував да се откажам од фудбалот. Тоа не беше мој приоритет во тие моменти. Гледате како вашиот син ви поставува многу прашања, зошто тоа му се случува баш нему… а јас немав одговори“.

„Во таквите периоди приоритетите се менуваат. Сега си велам дека сум среќен. Се што направив, беше од срце“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани