Баерн Минхен моќен во дербито против Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен прокнижи три нови бода и дојде чекор поблиску до трофејот во Бундеслигата, овој пат славеше убедлив триумф над ривалот Борусија Дортмунд.

Серијата погодоци започна уште во четвртата минута кога Рибери по асистенција на Лам постигна гол за водство на Баерн Минхен од 1-0.

Веќе во деветата минута Баварците го зголемија водството на 2-0 благодарение на одличен погодок на Левандовски од слободен удар.

Во 20. минута Борусија Дортмунд се врати во игра откако Гуереиро испука една вистинска бомба во мрежата на Баерн Минхен за 2-1.

Во воведните минути од вториот дел, Робен во негов препознатлив стил го зголеми водството на 3-1.

Конечните 4-1 беа дело на Левандовски од пенал во 68. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани