Гризман и направи услуга на Барса, Атлетико се избори за реми против Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Колчонероси“ го
направија првенството на Шпанија поинтересно откако играа 1-1 против лутиот градски ривал.

Реал Мадрид беше
на добар пат да освои три бода откако на стартот од вториот дел, Пепе одлично се
снајде и донесе водство од 1-0 за голема радост на домаќините.

Сепак, гостите не
се предадоа и преку Антоан Гризман го замолкнаа Сантијаго Бернабеу на пет минути до
крајот.

Кореа аситираше а
Французинот не погреши за 1-1 и му откина два бода на Реал Мадрид во трката за
титулата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани