Манчестер јунајтед добро поминал со Рајола, еве кој во Премиерлигата одвоил најмногу за провизија на агентите (ФОТО)

by
1 минути читање

Изминатите два
трансфер периоди, Премиерлигашите искеширале рекордни 175 милиони фунти на
провизии наменети за агентите.

„Црвените Ѓаволи“
минатото лето ја побараа помошта на Мино Рајола за да стигнат до шампионски
тим.

На Олд Трафорд
пристигнаа тројца негови клиенти: Златан Ибрахимовиќ, Хенрих Мхитарјан и Пол
Погба.

Контроверзниот
агент е познат по тоа што „дебло“ ги наплаѓа своите услуги но се чини дека
Манчестер јунајтед добро поминал.

Клубот од Олд
Трафорд на име на провозии на агентите исплатил нешто над 19 милиони фунти, но
ова бројка сигурно ќе беше далеку повисока доколку Рајола својот дел од
трансферот на Погба вреден околу 27 милиони евра не го наплатеше од Јувентус.

Прв на табелата е
Манчестер Сити со со 26,2 милиони фунти, а втор е лидерот во Премиерлигата,
Челси кој за агентите и посредниците одвоил 25 милиони фунти.

На дното се наоѓа
Хал, кој платил скромни 1,9 милиони фунти.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани