Зидан си знае дека лесно може да добие „клоца“: Немам никакви гаранции дека ќе останам

by
1 минути читање

Французинот го
превзеде кормилото на првиот тим на „Кралевите“ на стартот од 2016 и за кратко
време успеа да ги консолидира редовите по отказот на Рафа Бенитез и на Реал да
му ја донесе 11. титула во Лигата на Шампионите.

Зинедин Зидан има
солидни резултати и оваа сезона, Реал е лидер во Примера и во четвртфиналето од
Лигата на Шампионите.

Сепак стратегот е
свесен дека на Сантијаго Бернабеу ништо не е сигурно и тој лесно може да добие
„клоца“.

„Знам што значи
да се биде тренер на Реал Мадрид
– вели Французинот.

„Немам никакви
гаранции дека ќе бидам тука и следната сезона, па затоа не се подготвувам за
следната сезона
.

„Ме интересира
само следниот натпревар и така ќе се однесувам се до последниот ден
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани