Пет гиганти тропнале на вратата на Гризман, цената е 100 милиони евра

by
2 минути читање

Често се говори
дека напаѓачот на Атлетико Мадрид по крајот на сезоната ќе ја промени средината,
и во неколку наврати беше објавено дека веќе е договорен мега трансфер во
Манчестер јунајтед.

Во разговор со
Радио Монте Карло, советникот на Антоан Гризман, Ерик Олат го негира ова.

Тој признава дека
„Црвените Ѓаволи“ се распрашуваат за Французинот, но открива дека на нивната
врата тропнале и Манчестер Сити, Челси, Барселона па и Реал Мадрид.

„Нема 50.000
клубови кои можат да искешираат 100 милиони евра
– вели Олат.

„Тоа е сумата во
откупната клаузула, Атлетико Мадрид нема да „даде попуст“. Ова го лимитира
бројот на клубови кои можат да го купат Гризман
.

„Слушам дека
Манчестер јунајтед веќе го договорил, дека играчот потпишал, но ние не знаеме
ни дали тие ќе играат во Лигата на Шампионите!

„Тоа е многу
важно
.

„Манчестер
јунајтед стапи во контакт и се распрашуваше, исто како и другите. Сакаат да
видат какви се размислувањата на играчот, дали постои можност, колку пари итн
.

„Челси, Манчестер
Сити, Барселона па дури и Реал Мадрид тропнаа на нашата врата да видат каква е
ситуацијата
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани