Шпанецот во
последно време често е дел од медиумските шпекулации и се најавува дека ќе го
замени Реал Мадрид со лутиот ривал Барселона.
Иско е обврзан
кон „Кралевите“ до 2018 и преговорите за продолжување на договорот тапкаат во
место.
Барселона сака да
ја искористи ваквата ситуација и наводно веќе стапила во контакт со играчот и
му ветила 20 милиони евра бонус доколку како слободен играч во 2018 пристигне
на Камп Ноу.
Вчера ваквите
шпекулации одново добија на интензитет откако Иско предизвика бура на
социјалните мрежи.
Тој на Твитер
објави слика од една дружба со своите пријатели, а на масата имаше брендиран
чипс со логото на Барселона.
Шпанецот за
кратко време ја увиде грашката, па ја тргна сликата и објави нова на која го
нема чипсот.
Сепак, ова не им
избега на фановите кои сето ова го сфатија како знак дека има нешто помеѓу Иско
и Барселона.
Играчот доцна
вечерта одново се огласи и напиша: „Не одам во Барса. Со сликата само сакав
да покажам дека ќе ги „смачкаме“ како чипс. Хала Мадрид”.