104
Популарниот
„Пипита“ за неколку дена два пати се врати на Сан Паоло, каде жестоко беше
пречекан од фановите на Наполи и доби огромни свирежи и навреди.
Гонзало Игуаин во
неделата беше прилично тивок, но вчера имаше одличен натпревар и со два гола
стави крај на надежите за амбициозен кам-бек на „Наполитанците“ во Купот на
Италија.
Фановите на
Јувентус сакаа да му дадат поддршка на својот голгетер па поставија
парола во тренинг центарот во Виново.
„Благодариме
Игуаин” – гласеше пораката.