„Специјалниот“
пред неколку дена јавно упати остри критики на адреса на левиот бек и го обвини
дека не се залага доволно на тренинзите, заостанува многу зад другите па затоа
за Лук Шо нема место ниту на клупата.
Англичанецот доби
шанса против Евертон во вторникот и го изнуди пеналот со кој „Црвените Ѓаволи“
освоија бод.
Жозе Мурињо имаше
пофални зборови за овие перформанси, но во исто време му замери на играчот дека
нема „фудбалски мозок“ и истакна дека тој ги носел сите одлуки место левиот
бек.
И додека на многумина не им се допаѓа начинот на кој Жозе Мурињо се справува со младиот Лук Шо, Гери Невил вели
дека сигурно има причина за ваквите постапки на Португалецот, и додава дека и
Сер Алекс Фергусон ќе го „распарчел“ играчот.
„Знам дека имаше
тешка повреда, но мора да правите нешто навистина погрешно за менаџерот да се
посомнева во вашето однесување, залагањето на тренинзите и желбата” – вели поранешниот играч на
Манчестер јунајтед.
„Веројатно и Сер
Алекс Фергусон ќе се справеше со ситуацијата на сличен начин како Жозе, но
можеби не толку јавно”.
„Зад сцената
сигурно Ферги ќе го распарчеше Шо и ќе му ставеше јасно до знаење дека ќе
замине доколку не ги исполнува стандардите”.
„Жозе веројатно
се обидел да го стори истото зад затворени врати, и јавните критики сигурно се
последен обид да го врати играчот на прав пат”.
„Да зборува толку
лошо за сопствен играч, сигурно ги истрошил сите опции и му останало само
ова”.