81
Првиот стрелец на
„Баварците“ го исплаши тренерот Карло Анчелоти откако на денешниот тренинг се
пожали на болки во бутниот мускул и предвреме мораше да го напушти теренот.
Пред Баерн Минхен
е дуелот со Борусија Дортмунд, но уште поважно, двомечот со Реал Мадрид во
Лигата на Шампионите.
Сепак тревогата
се покажа како лажна, Роберт Левандовски се повлекол само во знак на претпазливост.
Добрите вести ги потврди
самиот играч на социјалните мрежи.
„Сè е во ред! Ќе бидам подготвен” – напиша Полјакот на Твитер.