495
Зинедин Зидан ги
одмараше Роналдо и Бејл за блиското гостување кај Леганес, па Хамес Родригез
доби шанса да биде стартер.
Колумбиецот одлично ја искористи укажаната прилика, ги донесе во водство
„Кралевите“ по 15 минути игра, а потоа на стартот од вториот дел му асистираше
на Мората за 2-4.
И покрај тоа што
имаше солидна партија, Хамес Родригрез не одигра цел натпревар и беше
првата замена на Зинедин Зидан.
Играчот беше лут
на ваквата одлука, одби да се поздрави со Французинот кога го напушти теренот, а
фрустрациите ги истури кога седна на клупата, и со бокс удри во конструкцијата
зад столчињата.