Де Лаурентис ги „пецна“ Јуве и Алегри: Имаме тренер кој не игра „катанаџо“

by
1 минути читање

Наполи и Јувентус
во период од неколку дена два пати ги одмерија силите.

Најпрво во
неделата одиграа 1-1 во натпревар од Серија А, а вчера „Наполитанците“ славеа со 3-2 во
Купот на Италија, победа која не беше доволна па „Старата Дама“ се пласираше во
финалето.

„Очекував Наполи
да игра подобро од Јувентус
– вели првиот човек на клубот од Сан Паоло, Аурелио Де Лаурентис. „Тоа
веќе го демностриравме во неделата
.

„Можеше да се
забележи нашата супериорност на теренот. Овој тим има срце и тренер кој не игра
„катанаџо“, напоротив Сари е фудбалски џентлмен
.

Претседателот на „Наполитанците“ потоа се огласи и на социјалните мрежи.

„Одличен Наполи,
тим кој игра прекрасен фудбал благодарејќи на момците и тренерот! Браво, горд
сум на вас!
– напиша Де
Лаурентис на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани