„Црвените“ се
одлични против водечките екипи, но мака мачат со оние кои на хартија се далеку
послаби ривали.
Така беше и на вчерашниот дуел со Борнмут, во кој Ливерпул одигра само 2-2 и
загуби два драгоцени бода во трката за топ четири пласман.
Афобе ги изненади
домаќините уште на стартот од средбата, но избраниците на Клоп за кратко време
ги консолидираа редовите и со головите на Кутињо и Ориги поведоа со 2-1.
Сепак, Џош Кинг
во 87. минута го шокираше Ливерпул и го замолкна Енфилд.
„Веројатно
можевме да постигнеме трет гол, имавше шанси преку контри, но моравме да го
замениме Кутињо бидејќи му се лошеше во првото полувреме” – рече по крајот на натпреварот
Јирген Клоп.
„Не го сторивме
тоа, не го решивме победникот пред време, средбата остана отворена и кога тие постигнаа гол од прекин, за малку ќе
повратев”.