Игуаин му даде гол на Наполи и го впери прстот кон Де Лаурентис: Ти си виновен!

by
1 минути читање

За кратко време Игуаин со Јувентус два пати му гостуваше на Наполи. Синоќа постигна и гол во поразот на неговиот тим од 3-2 по кој обезбедија финале во Купот.

Овој пат Игуаин постигна и гол, се воздржа од голема прослава, но го впери прстот кон претседателот Де Лаурентис.

Според италијанските медиуми, Игуаин извика кон Де Лаурентис: „Ти си виновен“. Мислејќи на причината за неговото заминување од Наполи.

Игуаин во неколку наврати изјави дека го напуштил Наполи бидејќи не покажал амбиции за освојување на трофеи, па можеби вината на Де Лаурентис е што не се обиде да направи уште посилен тим кој ќе можеше да му парира на Јувентус во трката кон Скудетото.

Голот на Игуаин против Наполи:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани