Брозовиќ преку социјалните мрежи откри каде ќе ја продолжи кариерата!?

by
1 минути читање

Репрезентативецот
на „Коцкастите“ во понеделникот направи голема глупост, непотребно играше со
рака во шеснаесетникот и придонесе Сампдорија да слави на Џузепе Меаца.

Со овој пораз,
Интер драстично си ја отежна битката за местата кои водат во Лигата на Шампионите,
па Марсело Брозовиќ е најомразениот лик кај навивачите на Интер оваа недела.

Многумина сакаат
да го видат играчот како заминува, и можно е да им се исполни желбата судејќи
според потезите на играчот на социјалните мрежи.

Марсело Брозовиќ на Инстаграм почна да го следи Манчестер јунајтед, па
многумина ова го протолкуваа како сигнал дека Хрватот го открил неговиот следен
клуб.

Неодамна кога
Жозе Мурињо беше во посета на Загреб, медиумите шпекулираа дека „Специјалниот“ во Хрватска е дојден
по двајца играчи на Интер, Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани