Манчестер јунајтед ја има најлошата серија од 20 натпревари без пораз во Премиерлигата

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед има долга серија без пораз во Премиерлигата, веќе 20 меча не знаат за загубен натпревар, но и покрај тоа во моментов не играат во добра форма.

Дури половина од тие 20 натпревари им се нерешени средби, освоија 40 бодови и тоа е најслабиот скор од екипите кои имаат слични серии.

Агенцијата за статистика, „Опта“ извади податок дека Манчестер јунајтед ја има најлошата серија без пораз во историјата од Премиерлигата.

Манчестер јунајтед има шест нерешени од своите девет последни средби во Премиерлигата и е се подалеку од пласман меѓу најдобрите четири на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани