Напаѓачот е хит
во Премиерлигата оваа сезона и ги импресионираше фудбалските љубители со
одличните партии на 35 години во дресот на „Црвените Ѓаволи“.
Тој за кратко
време ги освои фановите на Манчестер јунајтед, кој во името на Залтан
Ибрахимовиќ имаат нов херој.
Во интервју со БТ
Спорт, Златан Ибрахимовиќ беше запрашан за споредба со Ерик Кантона, кој исто
така е култна личност на Олд Трафорд.
„Ерик е Ерик, а
Златан е Златан” – вели
Швеѓанецот. „Дојдов со поинаков пакет и дојдов со она што сум способен да го
правам”.
„Луѓето до крајот
на животот ќе го паметат него за она што го напави тука. Луѓето мене ќе ме
паметат за она што јас ќе го направам”.
„Едно нешто што
тој има направено а јас се уште не сум го сторил е глумата”.
„И мене ме
привлекува идеата да бидам глумец. Нешто како Џејсон Борн, филм со таен агент, можеби
новиот Џејмс Бонд! Зошто да не?”