„Специјалниот“
летоска пристигна на Олд Трафорд за да го врати Манчестер јунајтед на
шампионските патеки, но првата сезона не оди според планот.
И покрај тоа што
беа ивестирани преку 150 милиони фунти во засилувања, „Црвените Ѓаволи“ играат
под очекувања и особено проблематична е формата на домашен терен.
Манчестер
јунајтед вечерва одново потфрли пред своите фанови и одигра само 1-1 против
Евертон.
„Карамелите“ беа
на чекор до голема победа на Олд Трафорд но Златан Ибрахимовиќ во 94. минута од пенал спаси
бод.
По овој
натпревар, статистката покажува дека најтрофејниот клуб во Англија не бележи
прогрес, Жозе Мурињо има полош скор од Луј ван Гал.
Во сезоната
2014/15 по 29. кола Манчестер јунајтед имаше 56 бода под водство на
Холанѓанецот.
По исто толку
натпревари сега „Црвените Ѓаволи“ имаат 54 бода.