442
Хорхе Сампаоли се
посочува како еден од кандидатите за наследник на Луис Енрике на Камп Ноу.
Стратегот
минатата недела даде интервју во кое истакна дека сонува да работи со
најдобриот фудбалер на денешницата, Лео Меси, па многумина ова
го протолкуваа како обид на Аргентинецот да и се понуди на Барселона.
Во пресрет на гостувањето на Севиља на Камп Ноу, Хорхе Сампаоли појасни што мислел.
„Секогаш кога ќе
го видам Меси за мене тоа е големо задоволство” – вели тренерот на клубот од Андалузија. „Тој е најдобриот играч во светот”.
„Кога кажав дека
сакам еден да го тренирам Меси, можеби мислев на Њуелс, или пак на Севиља…”