Венгер го цитира Гвардиола за да ја оправда лошата сезона на Арсенал

by
2 минути читање

„Топчиите“ имаат
уште една разочарувачка сезона во која се далеку од битката за важен трофеј.

Арсенал уште пред
некој месец испадна од трката за титулата во Премиерлигата, а во Лигата на
Шампионите доживеа срамна елиминација од Баерн Минхен во осминафиналето.

До крајот на
сезоната тие ќе се борат за трофејот од ФА Купот и за топ четири пласман, кој
за разлика од минатата години кога им беше загарантиран, сега е под знак прашалник, па
клубот од Северен Лондон би можел по долги години да остане и без настап во
Лигата на Шампионите
.

Гневот кај
фановите е се поголем поради ваквиот развој на настаните, и се почести се
барањата за промени, односно заминување на Арсен Венгер.

Французинот, кој
веројатно ќе стави потпис на нов договор, сега употреби коментари од неговиот
колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за да порача дека не е се така црно на
Емирати

„Ќе биде голем
предизвик да завршиме во топ четири оваа сезона, но мислам дека имаме шанси
– вели Арсен Венгер.

„Овој успех го
постигнував 20 години, и секогаш изгледаше како ништо посебно, но одеднаш стана
многу важно
.

„Луѓето сега
разбираат дека не е толку лесно како што изгледа, и ако го слушнавте Пеп
Гвардиола пред некој ден, тој рече дека дека топ четири во Англија е исто како
освојување на трофеј
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани