Аларм во Ливерпул, се стравува дека сезоната за Мане е завршена

by
1 минути читање

Саидо Мане мораше
предвреме да го заврши дербито на Мерсисајд изминатиов викенд откако доби удар
при еден дуел со Лејтон Бејнс.

Во прв момент се
чинеше дека не е ништо страшно, но медиумите од „Островото“ сега пренесуваат
дека „Црвените“ се загрижени.

Отокот на
коленото на Сенегалецот се уште е голем, и не можат да бидат извршени деталните
тестови кои ќе ја донесат точната дијагноза.

Па Ливерпул стравува дека повредата е посериозна од првичните прогнози, и Саидо
Мане би можел да паузира неколку недели.

Најпесимистичките
сценарија се дека сезона за играчот е завршена. 

Доколку ваквите стравувања се покажат како точни, тоа ќе биде голем удар за Јирген Клоп и Ливерпул
во битката за топ четири, Саидо Мане е еден од најдобрите играчи на „Црвените“
оваа сезона.

Германецот веќе остана без услугите на Адам Лалана, кој ќе паузира еден месец, а надвор од стројот е и капитенот Џордан Хендерсон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани