Икарди: Боли кога ќе ги разочарате фановите

by
1 минути читање

Интер синоќа влезе како голем фаворит против Сампдорија, на „Нероазурите“ им требаат бодови за пласман во Европа, но кикснаа пред своите навивачи.

При резултат од 1-1 Икарди промаши празен гол, се ќе беше поинаку доколку Интер дојдеше до ново водство.

„Ова е лош пораз бидејќи не оддалечува од трката за Лигата на шампионите“ – вели Икарди.

„Денеска не бевме добри пред противничкиот гол. Јас имав голема шанса за 2-1, но мечот не беше лош само поради тоа“.

„Паднавме во второто полувреме и противникот го искористи тоа. Им се извинуваме на нашите фанови што ги разочаравме, бидејќи секогаш е добро кога ќе видите многу публика на стадионот. Боли кога ќе изгубите бодови пред нив“.

„Сампдорија одигра одлично, играше офанзивно, јас често бев во нашата половина“.

„За мене Интер е вистинскиот тим, сакам да освојам нешто тука. Јасно е дека за да се направи тоа треба да работите и да бидете пожртвувани на теренот, и со начинот на кој работиме можеме да дојдеме до големи работи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани