„Нероаѕурите“
влегоа како голем фаворит во овој дуел, избраниците на Пиоли мораа да победат за
да ги задржат надежите за третото место на табелата кое води во Лигата на
Шампионите.
Интер добро го
започна мечот и поведе со голот на Д’Амброзио во 35. минута.
Сампдорија успеа
да стигне до изедначување на стартот од вториот дел и тоа преку младиот Шик,
кој е желба токму на Интер.
Домаќините потоа
имаа неколку шанси да се врадат во водство, најзрелата ја имаше Икарди, кој на
подалечната статива промаши празен гол од неколку метри по додавањето на Кандрева.
Кзната стигна на
пет минути до крајот. Брозовиќ непотребно играше со рака при еден слободен удар,
судијата покажа на белата точка, а Кваљарела од пенал донесе победа од 1-2 и го
замолкна Џузепе Меаца.