„Специјалниот“ го
„распарчи“ Лук Шо изминатиов викенд, истакна дека играчот не се залага доволно
на тренинзите и му порача дека заостанува многу зад другите фудбалери, па затоа за
него нема место ниту на клупата.
Фил Невил, кој
работеше со левиот бек во репрезентацијата на Англија, сега го советува Лук Шо
на ваквите критики да гледа како мотивација и да му покаже на Жозе Мурињо
дека греши.
„Најостра критика
е да му кажете на некого дека не се залага доволно на тренинзите, и Жозе токму
тоа го стори со Лук” –
вели легендата на Манчестер јунајтед.
„Имам работено со
Лук во репрезентацијата на Англија, тој е сензационален талент кој има многу
години пред него”.
„Имаше големи
проблеми со повредата, и мислам дека во суштина тоа му е главниот проблем,
помислата дека долго време беше надвор од терените”.
„Но мора да
одговори. Кога играш за Мначестер јунајтед мораш да успееш, не сакаш да го
напуштиш клубот”.
„Се зависи од тоа
како ќе гледа на овие зборови. Ќе си помисли, „Тоа е, ова е крајот за мене“ или
пак, „Ќе ти покажам на тебе“. Се надевам дека ќе биде ова второто”.
„Се надевам дека
ќе си рече, „Ќе го исправам ова, ќе му покажам дека греши“”.