Бартра ја најде храбрата девојка која со дрес од Дортмунд седеше меѓу навивачите на Шалке (ФОТО)

by
1 минути читање

Од големото регионално дерби помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд излезе една необична фотографија. Помеѓу домашните навивачи, облечени сите во сино, седеше храбра девојка со жолт дрес. Момент каков што ретко може да се види на овој дуел помеѓу лутите ривали.

Тоа го забележа Бартра и синоќа преку својот твитер профил побара помош од навивачите да ја најде девојката, да ја запознае и да и подари дрес поради нејзината храброст.

Навивачката на Дортмунд е пронајден, се вика Стефани Адам-Пап која со својот сопруг, фан на Шалке била на натпреварот.

Бартра се пофали дека ја нашол, се заблагодари за помошта и најави дека ќе го исполни ветувањето.

„Даааа!! Благодарност до сите: фанови, медиуми… сите! Го најдовме нашиот храбар фан! Ветување си е ветување, се гледаме наскоро Стефи!“ – напиша Бартра на својот твитер профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани