Белгијанецот, кој
во последно време е во центарот на вниманието поради шпекулациите за трансфер
во Реал Мадрид, во разговор со Франс Фудбал говореше за фудбалските волшебници.
„Според мене,
вистински уметници се Зидан и Роналдињо, би го сместил тука и Рикелме поради
начинот на кој се движи и ја додава топката” – вели Еден Азар, кој е прв креативец на Челси.
„Секако, тука е и
Меси. Она што го прави со топката е неверојатно”.
„Не се гледам
себеси во овој ранг. Но пак, луѓето се тие кој кажуваат и прават споредби, јас
не велам дека сум уметник”.
„Јас сакам само
да им донесам радост на фановите. Луѓето кои доаѓаат на стадионите сакаат да
уживаат и да видат спектакл. На нас играчите останува да ги направиме среќни”.
„Јас сум
креативен играч уште од мали нозе, уште како дете. Тоа не се вежба. Секако,
работев напорно за да стигнам до ова ниво, но тоа е вештина која ја имам во
себе и само ја унапредувам”.
„Топката е мој најверен
пријател, се познаваме многу одамна и ја негувам како жена”.