Интер од Аталанта купува нов перспективен Италијанец

by
1 минути читање

Клубот од Џузепе
Меаца во јануари се засили со 21 годишниот Роберто Гаљардини, кој е продукт на
младинската школа на Аталанта и голема надеж на италијанскиот фудбал.

Медиумите од „Чизмата“
сега пренесуваат дека Интер мерка уште еден фудбалер на локалниот ривал.

Нова желба на
„Нероаѕурите“ е перспективниот десен бек, Андреа Конти.

Но зделката
воопшто нема да биде лесна, 23 годишниот Италијанец го привлекува вниманието на
уште неколку клубови.

Неговиот
сонародник Антонио Конте сака да го однесе во Лондон, и се шпекулира дека
скаути на Челси во неколку наврати го следеле Андреа Конти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани