Рамон Родригез
Вардехо, познат како Мончи по крајот на сезоната заминува од Севиља откако
изминативе 17 години тој ја извршуваше функцијата на спортски директор.
Тој важи за еден
од најдобрите спортски директори во светот на фудбалот и Севиља ја претвори од
просечен второлигаш до моќен клуб кој освојува трофеи и заработува грди пари од
трансфери.
Мончи има
направено голем број на одлични зделки, но како перфектен трансфер го посочува
оној на Дани Алвес.
„Ги исполни сите
работи кои ги очекувавме” – вели Мончи за десниот бек. „Дојде како непознат играч, му дадовме
време да се адаптира и забележа голем напредок”.
„Ни донесе титули
и потоа го продадовме”.
„Го купивме за
800.000 а го продадовме за 35 милиони евра плус Фернандо Наваро”.
За звучните имиња
кои му се „лизнале низ раце“, Мончи вели: „Бев во Ротердам за да
потпишам со Ван Перси, но во последен момент се јави Арсенал и тој заврши во Лондон”.
„Бев блиску и до
Марсело, но понуда достави Реал Мадрид и го купи”.
Тој исто така
одговара дека едни од најтешките преговори му биле оние со ПСЖ за трансферот на
Кевин Гамеиро, а на прашањето за лошите трансфери посочи дека има неколку
„утки“ но не сакаше да говори за конкретни имиња.