Мурињо го „распарчи“ младиот Лук Шо, дали по ова нема иднина за левиот бек на Олд Трафорд?

by
2 минути читање

Англичанецот во
2014 пристигна на Олд Трафорд од Саутемптон во трансфер вреден 30 милиони
фунти.

Тој важеше за
најперспективниот лев бек на „Островото“ и добро ја започна авантурата во
Манчестер јунајтед, но во септември 2015 му се случи голем пех.

На дуелот со ПСВ
во Лигата на Шампионите, Лук Шо заработи двојна фрактура на ногата и за него
заврши сезоната.

Оваа сезона тој
се врати на терените но падна во немилост кај Жозе Мурињо откако во ноември
одби да стисне заби и со повреда да игра против Свонси.

Лук Шо сега не само
што не добива шанса за настап, тој не е ниту на клупата за резерви.

Таква беше
ситуацијата и на дуелот со ВБА, натпревар на кој Жозе Мурињо не можеше да смета
на неколку повредени играчи, а пред Лук Шо шанса доби дури и младиот Метју Вилок.

Кога новинарите
го запрашаа Жозе Мурињо што се случува со левиот бек, „Специјалниот“  го „распарчи“ 21 годишниот Англичанец.

„Лук Шо? Тешко да
дојде и до клупата за резерви“
– порача Жозе Мурињо.

„Зошто? Не можам
да го споредам со Ешли Јанг, Дармијан, Блинд. Не можам да го споредам начинот
на кој тој тренира, неговата посветеноста, фокусот, амбицијата“.

„Тој е далеку зад
овие играчи
.

Многумина ваквите
коментари ги протолкуваа како крај на кариерата на Лук Шо на Олд Трафорд и фановите
стравуваат дека се одбројани деновите на левиот бек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани