Џиџи Донарума ја направи најголемата грешка во досегашната своја кариера поради која Милан не успеа да дојде до победа на гостувањето кај Пескара, мечот заврши 1-1.
„Жалам за тимот и фановите дека не победивме, но се надевам дека ова искуство ќе ми помогне да научам и да бидам подобар“ – изјави Донарума за Милан ТВ.
„Дадов се од себе, за жал вакви работи можат да се случат и продолжувам да ја држам главата горе“.
„Пескара беше добро подготвена, играше одлично, но ние имавме шанси да победиме, но немавме среќа“.
„Тимот е подготвен, одиме напред заедно и веќе мислиме на следниот натпревар. Би било погрешно ако на оваа грешка реагирам со лутина. Продолжувам со насмевка на моето лице и нема да дозволам да паднам по оваа грешка“.