335
Барселона тешко го кршеше отпорот на Гранада, но откако го стори тоа дојде до убедлив триумф. Каталонците на овој меч беа без Лионел Меси но тоа не се одрази на резултатот.
Натпреварот беше отворен во 44. минута со прекрасен лоб удар на Луис Суарез. По пет минути игра во вториот дел Гранада дојде до изедначување преку Бога.
Но само девет минути подоцна Пако Алкасер го врати водството на Барселона од 2-1. Сауниер си постигна автогол за 1-3, а Нејмар во судиското продолжение ги постави конечните 4-1.