Пике и Барса добиваат нова „муниција“, судиите не видоа офсајд на Бензема (ФОТО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ рутински
со 3-0 славеа против Алавес, но првиот гол на Карим Бензема падна од
нерегуларна ситуација.

Французинот
одлично комбинираше со Карвахал за водство по половина час игра, но во
зачетокот од акцијата, напаѓачот беше во офсајд.

Ваквиот развој на
настаните само ќе им даде нови аргументи на „Каталонците“ и нивниот
гласноговорник Жерард Пике во обвинувањата дека Реал Мадрид добива помош од судиите.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани