Во последно време
се почесто се говори дека Еден Азар летоска ќе стане новиот „Галактико“ и ќе заврши
на Сантијаго Бернабеу во рекорден трансфер од околу 100 милиони фунти.
По крајот на
вчерашниот дуел помеѓу Челси и Кристал Палас, Еден Азар заедно со сонародник
Кристијан Бентеке разговараа со ТВ каналот Плеј Спорт од Белгија.
„Немам што посебно да кажам, размислувам
натпревар за наптревар и се обидувам да играм што е можно повеќе, тоа е се” – одговори фудбалерот на Челси на
прашањето за иднината.
Новинарот потоа
дополнително го праша дали е привлечен од идеата за преселба во Шпанија, и
изнуди голема насмевка од Кристијан Бентеке но и интересен одговор од Еден
Азар.
„Зошто се обидуваш
да ме ставиш во го*на? Не, не, не. Добро ми е тука, има одредени работи кои треба да
ги завршам оваа сезона. Имам договор до 2020 и во моментов сум тука”.